arrow arrow

За нас

Ресторантот Лебед се наоѓа во центарот на Ново Село на 21км од Струмица и 7км од македонско-бугарската граница (граничен премин - Ново Село). Сместен е во подножјето помеѓу планините Огражден и Беласица, до самиот меѓународен пат кој води до добро познатите и често посетуваните Смоларски, Колешински и Габровски водопади како и Мокринските извори.

Ресторант Лебед Располага со капацитет од 120 места и прекрасна тераса од 40 места.

Ресторан со богато мени од нашата традиционална македонска кујна, изобилство од најразлични специјалитети на скара, риба, готвени јадења и печени меса (печења), како и најразлични, прекрасни и вкусни десерти. Покрај големиот асортиман на пијалоци ги нудиме и најпознатите и најквалитетни вина.

Организираме приеми за ручек на групни патувања, роденденски прослави, свечени осмомартовски забави, новогодишни и други видови веселби по достапни цени. По желаба на нашите гости веселбата може да биде збогатена со музичка група.

Во склоп на овој ресторан поседуваме и месара Лебед - со продажба и дистрибуција на високо квалитетни свежи меса, преработка и производство на специјалитети за скара, спроведени со НАССР стандард.

За кавлитетот говори нашето дваесет годишно искуство, повелете и уверете се!

Контакт

+389 34 355 305

+389 70 234 591

+389 70 234 593

с.Ново Село - Струмица